За нас
Пазарче е местото каде локалните земјоделци во Македонија се среќаваат директно со купувачите. Без откупувачи, без провизии, само свежа храна и искрен разговор.

Нашата приказна
Премногу свежа храна во Македонија или се импортира од странство или поминува низ долг ланец на откупувачи пред да стигне до Вас. Земјоделецот добива малку, купувачот плаќа многу, а свежината се губи по пат.
Го создадовме Пазарче за да го скратиме тој пат. Овде секој земјоделец објавува што има, ја одредува својата цена и зборува директно со купувачот. Едноставно, фер и локално.
Во што веруваме
Секој производ има свој земјоделец, а секој земјоделец има своја приказна. Веруваме дека храната е подобра кога знаеш кој ја одгледувал.
Не земаме провизија од продажбите. Целата заработка останува кај оној што ја засадил, ја негувал и ја набрал.
Купувачот и произведувачот зборуваат директно преку порака или телефон. Без откупувачи и без долги ланци.
Поддржуваме храна одгледана во Македонија, набрана кога е најсвежа и продадена во нејзината сезона.
Секој оглас минува низ брза проверка пред да се појави, за купувачите да најдат вистински производи од вистински фарми.
Од Полог до Струмица, поврзуваме фарми и купувачи од сите краеви на земјата на едно место.
Нашите начела
Платформата ја градиме околу оние што ја прават храната — со едноставни алатки, без скриени трошоци.
Сакаме купувачите и земјоделците да се запознаат, да си веруваат и да се враќаат еден кај друг.
Колку покус е патот од градина до маса, толку е поздрава храната, а и локалната економија.
Прелистувај земјоделци, производители и нивните прозиводи од цела Македонија и поврзи се директно.