Свежо
од градина
до маса.

Поврзи се директно со локални земјоделци. Без посредници, без сложени плаќања, само свежа храна и искрен разговор.

Свежи зеленчуци и овошје од македонска градина

Категории

Прелистај производи по категорија

Овошје

Овошје

Јаболки и круши · Коскести · Бобинки

Разгледај
Зимница и преработки

Зимница и преработки

Ајвар · Лутеница и пинџур · Туршија

Разгледај
Билки и чаеви

Билки и чаеви

Свежи · Суви · Планински чај

Разгледај
Јаткасти плодови

Јаткасти плодови

Ореви · Бадеми · Лешници

Разгледај
Видете ги сите

Како Работи?

1

Најди производ

Разгледувај свежи производи од локални земјоделци во твојот крај. Филтрирај по категорија и град за да најдеш точно тоа што го бараш, од домати и јагоди до домашен мед и сирење.

2

Контактирај директно

Пиши директно на земјоделецот преку Пазарче, Viber, Telegram, WhatsApp или договори се преку телефонскиот број на фармерот. Прашај за цена, достапност и кога е бербата. Без апликации, без посредници и без скриени провизии меѓу вас двајца.

3

Земи свежо

Договорете се за начинот што ви одговара, достава до прагот или лично подигнување од фармата. Плаќаш директно на земјоделецот, а свежината стигнува право од нивата на твојата маса.

Земјоделец со свои производи

Нашата Приказна

Храна со лице.

Најубавото што го раѓа македонската земја најчесто завршува некаде далеку. А она што останува за нас е увезено и поскапо од она што самите го одгледуваме.

Земјоделецот, тој што станува пред зори, што ја работи земјата со раце и со срце, на крајот добива недоволно. Бидејќи цената не ја одредува пазарот, туку посредниците меѓу неговата нива и вашата трпеза.

Пазарче постои за да го врати редот таму каде што се изгубил. Поврзуваме директно земјоделец со купувач, нива со трпеза. Без откупувачи што додаваат маржи. Без најдоброто да патува надвор додека ние јадеме туѓо. Без компромис со свежината.

Но сакаме повеќе од тоа. Сакаме земјоделството повторно да биде нешто со кое има иднина, занает што храни семејства, а не борба од која младите бегаат. Кога земјоделецот ќе добие чесна цена и сигурен купувач, земјата повторно станува место каде вреди да се остане, да се работи, да се гради.

Затоа, кога купувате преку Пазарче, вие не земате само свежа, локална храна. Вие помагате да се изгради подобра почва за македонскиот земјоделец, и да израсне поубава иднина за сите нас.

Ти си земјоделец?

Објави ги твоите производи бесплатно. Без провизии.

Регистрирај се бесплатно